УТРО.мк

Почина легендарниот актер и боречки мајстор Чак Норис на 86-годишна возраст

Почина легендарниот актер и боречки мајстор Чак Норис на 86-годишна возраст
Vero

Светот се простува од легендарниот актер и боречки уметник Чак Норис, кој почина на 86-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди неговото семејство преку објава на Инстаграм, наведувајќи дека тој починал на 19 март.

Во соопштението, семејството истакна дека Норис заминал мирно, опкружен со најблиските, додавајќи дека засега нема да ги открива околностите за неговата смрт.

„Со тешко срце ја споделуваме ненадејната загуба на нашиот сакан Чак Норис. Тој беше опкружен со своето семејство и замина во мир“, стои во објавата.

Од семејството нагласуваат дека за јавноста тој бил симбол на сила, дисциплина и посветеност, додека за нив бил пред сè сопруг, татко, дедо и столб на семејството.

„Тој го живееше својот живот со вера, цел и љубов. Преку својата работа и човечност инспирираше милиони луѓе ширум светот и остави неизбришлива трага“, додаваат тие.

Во пораката се потенцира и благодарноста за огромната поддршка што ја добивал од обожавателите, истакнувајќи дека Норис ги сметал за свои пријатели.

Семејството се осврна и на неговата неодамнешна хоспитализација, за која претходно информираа американските медиуми, упатувајќи благодарност за молитвите и поддршката.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран