УТРО.мк

Коњановски: Честит Рамазан Бајрам – да се грижиме едни за други

Коњановски: Честит Рамазан Бајрам – да се грижиме едни за други
Vero

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка до сите верници од исламска вероисповед по повод големиот празник Рамазан Бајрам.

Во својата порака, Коњановски им посака празнични денови исполнети со радост, мир и спокој, поминати во кругот на семејството, нагласувајќи ја важноста од меѓусебна грижа и сплотеност.

Тој истакна дека празникот носи силна порака на заедништво, взаемна почит, добрина и грижа, вредности кои, како што посочи, се длабоко вкоренети во духот на битолскиот космополитизам.

„Заедно сплотени да се грижиме едни за други и да ги негуваме вредностите што нè обединуваат како заедница“, се наведува во честитката.

На крајот, Коњановски им го честита празникот на сите верници со зборовите: „Честит празник Рамазан Бајрам.“

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран