
Вечерва избувнал пожар на автомобил паркиран во близина на поликлиниката „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром.
Според првичните информации, возилото било зафатено од пламен додека се наоѓало на паркинг-простор, по што била повикана противпожарната служба која интервенирала на местото на настанот.
Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот, ниту дали има повредени лица. Надлежните служби вршат увид, по што се очекуваат повеќе информации за случајот.























