
Полициски службеници вчера лишиле од слобода три лица од Штип, откако била пронајдена дрога во возило кое го управувало лице со активна забрана, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода В.В.(34), Р.М.(30) и В.Ј.(22), сите од Штип. При преглед на патничко моторно возило „ауди“, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Додека, по преземени мерки било утврдено дека возачот Р.М. има активна забрана за управување возило од Б категорија, се вели во соопштението на Министерството.
Од МВР посочуваат дека лицата биле приведени во полициска станица и најавуваат оти по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.























