УТРО.мк

МВР поднесе кривична пријава за 10 лица поврзани со истрагата за дрога пронајдена во Србија

МВР поднесе кривична пријава за 10 лица поврзани со истрагата за дрога пронајдена во Србија
Vero

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за 10 лица осомничени за организиран криминал и висока корупција, поврзани со нелегално производство и пуштање во промет на наркотична дрога. Двајца од нив веќе се наоѓаат во 48-часовен притвор.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во телевизиско гостување во емисијата „Клик Плус“ нагласи дека пријавата е резултат на обемна истрага и бројни спроведени контроли низ државата.

„Имаме основано сомнение дека овие лица се директно или индиректно вмешани во нелегално производство и пуштање во промет на дрога“, истакна Тошковски, додавајќи дека во рамки на контролите се одземени околу 40 тони марихуана, за која надлежната комисија утврдила дека не е третирана согласно законските прописи.

Според министерот, контролите покажале дека некои компании функционирале легално и професионално, но кај дел од нив се откриени сериозни незаконитости. „Се поставува прашањето каде ќе завршеле тие 40 тони дрога доколку не ги одземевме“, нагласи Тошковски.

Случајот е поврзан и со дрогата запленета во соседна Србија, за која постојат индиции дека потекнува од македонски производствени капацитети за медицински канабис. Министерот објасни дека истрагата се води во тесна соработка со српските власти и дека суштинското прашање е како таквата количина дрога влегла на територијата на Србија, со оглед на функционирањето на заедничките гранични контроли во рамки на системот „One stop“.

Во меѓувреме, Владата го задолжи Министерството за здравство и надлежната комисија, заедно со МВР и други институции, да извршат темелни контроли во сите лиценцирани производствени капацитети, со цел целосно утврдување на фактичката состојба и санкционирање на сите незаконитости.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран