УТРО.мк

МОЌЕН ЦИКЛОН ОД ЏЕНОВА УДИРА НА БАЛКАНОТ: Поројни дождови, снег и силен ветер ја зафаќаат Македонија!

МОЌЕН ЦИКЛОН ОД ЏЕНОВА УДИРА НА БАЛКАНОТ: Поројни дождови, снег и силен ветер ја зафаќаат Македонија!
Vero

Силен ладен циклон со центар над Џеновскиот залив носи нов бран на нестабилно и опасно време во Македонија, со обилни врнежи, силен ветер и значително заладување.


Според најновата прогноза, веќе вечерва и во текот на ноќта, како и утре претпладне, времето ќе биде изразено нестабилно, со пообилни врнежи од дожд проследени со засилен до силен ветер од јужен и југоисточен правец. Локално, ударите на ветерот ќе надминуваат и 60 километри на час, а можно е и појава на ретки грмежи.


На повеќе места се очекуваат значителни количини на дожд, особено во западните делови од земјата, каде може да наврнат над 25 литри на метар квадратен.


Со продорот на студен воздух од север, ситуацијата дополнително ќе се влоши – на планините и на повисоките места над 1000 метри врнежите ќе преминуваат во снег, при што се очекува формирање на нова снежна покривка од над 10 до 15 сантиметри.


Постои можност снежната граница дополнително да се спушти, особено во западните и северозападните делови, што значи дека влажен снег може да се појави и во повисоките населени места.


Во Скопје и околината ќе има врнежи од дожд проследени со засилен ветер, додека на околните планини дождот ќе премине во снег. Температурите значително ќе опаднат – утринските ќе се движат од -2 до 9 степени, а дневните од 6 до 15 степени.


Македонија влегува во период на нестабилно и динамично време со елементи на вистинска зима. Циклонот од Џенова носи комбинација од дожд, снег и силен ветер – услови кои бараат зголемена внимателност, особено при движење и патување.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран