
Силниот снег кој ги покри планинските предели во Македонија синоќа, создаде сериозни проблеми во сообраќајот. Некои патни правци станаа речиси непроодни, а најкритично е кон Галичник, каде надлежните предупредуваат дека минувањето по патот во моментот е ризично.
Од Месната заедница велат дека обилните снежни врнежи значително го отежнале движењето, па граѓаните се советуваат да не тргнуваат кон селото додека патот не се расчисти. Екипите веќе се на терен и активно работат на отстранување на снежните наноси за да се врати нормалната комуникација.
„Службите се целосно мобилизирани и работат на расчистување. Апелираме до сите да не се упатуваат кон Галичник додека патот не биде целосно безбеден“, стои во официјалното соопштение.























