УТРО.мк

Многу топло во нашата Македонија, повторно се измерени 42 степени!

Многу топло во нашата Македонија, повторно се измерени 42 степени!
Vero

Вчерашниот ден (понеделник 7 јули) во нашата Република Македонија повторно беше многу топол со многу високи температури на воздухот. Претежно беше сончево и стабилно, а само накратко во планинските места во источните предели имаше развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Исто така повремено дуваше и засилен ветер од југозападен правец особено во попладневните часови.

Најтопло вчера (понеделник 7 јули) беше во Скопје Петровец со измерени 42 степени. На метеоролошката карта можете да ги видете вчерашните максимални дневни температури измерени низ нашата Македонија.

МетеоАларм – Славчо Попоски

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран