УТРО.мк

Младите и ЕУ: Над 40% со позитивен став, но без верба во брза интеграција

Младите и ЕУ: Над 40% со позитивен став, но без верба во брза интеграција
Vero

Онлајн анкета спроведена кон крајот на јуни 2025 со учество на над 1.000 млади од земјава открива значаен евроскептицизам, различни очекувања за членството во ЕУ и јасен повик за проактивност од националните и европските институции.

Истражувањето е дел од поширока анализа за ставовите на младите кон ЕУ и се реализира од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП Скопје), Европскиот Центар за извонредност (ECE Брисел) и Фондацијата „Фридрих Науман“, во соработка со платформата „Студентарија“.

Клучни наоди:

41% од младите имаат позитивен став кон ЕУ, 24% негативен, додека 35% се неутрални.

46.5% не веруваат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, 35.8% веруваат дека тоа ќе се случи, но подоцна, а само 6.7% очекуваат членство во следните пет години.

Корупцијата (84.6%), билатералните спорови (61%) и недовербата во институциите (60%) се посочени како главни пречки за интеграција.

53% се изјасниле дека се доволно запознаени со ЕУ вредностите и политиките.

Најголем интерес кај младите предизвикуваат можностите за работа и живот во ЕУ (76.2%), образовните програми како Еразмус+ (55.1%) и човековите права (50%).

41.6% би сакале да учествуваат во директен дијалог со ЕУ, 30.5% не, а 27.9% не се сигурни.

Албанија (53.2%) и Црна Гора (34.5%) се најчесто посочени како веројатни идни членки на ЕУ. Само 8.2% веруваат дека Македонија ќе влезе во ЕУ во следните пет години.

Комуникологот Бојан Кордалов од Европскиот центар за извонредност во Брисел предупреди дека овие податоци се аларм за итна акција: „Ако не им се понудат реални можности, младите сѐ помалку ќе гледаат иднина во ЕУ. Потребна е нова, искрена комуникација и цврсто партнерство со младите.“

Анкетата беше спроведена со поддршка на младинската платформа „Студентарија“. Учествуваа претежно студенти (81.5%), а резултатите ќе бидат објавени и како тематска публикација со конкретни препораки за институциите.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран