УТРО.мк

Мицкоски: Претходната Влада мислеше на фотелји, Бугарија на бришење на идентитетот – ние се бориме за достоинствена Македонија во ЕУ

Мицкоски: Претходната Влада мислеше на фотелји, Бугарија на бришење на идентитетот – ние се бориме за достоинствена Македонија во ЕУ
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување на телевизија Алсат повторно го отвори прашањето за т.н. „француски предлог“, обвинувајќи повеќе поранешни функционери за, како што рече, прифаќање на штетен договор со Бугарија.

– Не го обвинувам само Бујар Османи. Тука се и Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ, а грешка направив што не го спомнав и Стево Пендаровски, кој самиот призна дека го преговарал предлогот – изјави премиерот.

Мицкоски потсети дека Пендаровски претходно тврдеше дека ништо не знаел за содржината на договорот и оти промената на Уставот не е предмет на разговори. Потоа, вели премиерот, тој сам изјавил дека бил вклучен во преговорите.

– За жал, овој предлог е сè, само не во интерес на граѓаните. Патот кон ЕУ е речиси невозможен – дециден беше Мицкоски.

На прашањето дали изјавата од министерот за надворешни работи на Бугарија дека нема да има нови барања дава надеж, Мицкоски одговори дека на иста личност слушнале различни ставови во различен период.

– Кому да веруваме? На него од сега или на него од пред неколку месеци? Сè е за дневно-политички потреби – изјави премиерот.

Тој оцени дека претходната влада го прифатила предлогот од лични и политички интереси – да остане на власт.

– Тоа беше нивниот мотив – да го задржат криминалот и власта. Мотивите на Софија се историски – создавање нов, вештачки македонски идентитет и јазик. Нашиот мотив е поинаков – Македонија да биде дел од ЕУ достоинствено, со сите нејзини граѓани – истакна Мицкоски.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран