УТРО.мк

Мицкоски: Очекуваме ново поевтинување на горивата, цените во Македонија се најниски во регионот

Мицкоски: Очекуваме ново поевтинување на горивата, цените во Македонија се најниски во регионот
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања изјави дека Македонија во моментов има најниски цени на дизелот и бензинот во регионот, нагласувајќи дека владините мерки помогнале успешно да се амортизира енергетската криза.

Според него, за време на кризата Владата избегнала создавање паника и се фокусирала на конкретни мерки кои требало да го намалат товарот врз граѓаните и стопанството.

„Денеска имаме убедливо најниски цени на горивата во регионот. Разликата во однос на соседните држави е од 20 до 50 евроценти по литар“, истакна Мицкоски.

Тој направи споредба на цените на горивата во повеќе земји од регионот, посочувајќи дека во Србија дизелот се продава за 1,85 евра по литар, во Хрватска од 1,59 до 1,85 евра, во Словенија за 1,72 евра, во Босна и Херцеговина за 1,50 евра, а во Црна Гора за 1,55 евра. Во Македонија, според него, дизелот чини 1,31 евро по литар, додека безоловниот бензин се продава за 1,36 евра.

Мицкоски нагласи дека намалувањето на ДДВ и акцизите овозможило пониски цени, а дел од изгубените приходи биле надоместени преку зголемена потрошувачка на гориво.

„Имавме претприемачка логика. Граѓани од соседните земји доаѓаа да точат гориво кај нас, а во одредени денови потрошувачката беше зголемена и до 50 проценти“, рече премиерот.

На прашањето дали Владата планира нови мерки за горивата, Мицкоски одговори дека во овој момент тоа не е потребно бидејќи цените на светските пазари се во опаѓање.

Тој најави дека доколку трендот продолжи, веќе од понеделник може да следува ново намалување на цените на бензините и дизелот, со што тие постепено би се вратиле на нивото од крајот на февруари годинава.

Премиерот изрази очекување дека поевтинувањето на горивата ќе придонесе и за намалување на трошоците во транспортниот сектор, а со тоа и за стабилизирање на цените на дел од услугите и производите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin