УТРО.мк

Мицкоски: Македонија нуди сè – одморете на нашите езера и планини

Мицкоски: Македонија нуди сè – одморете на нашите езера и планини
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика граѓаните дел од летниот одмор да го поминат во Македонија, по воведувањето на новиот систем за влез и излез од Шенген зоната од страна на Европската Унија, кој веќе предизвикува подолги чекања на граничните премини.

Запрашан дали државата ќе побара одложување на примената на системот во летниот период, Мицкоски рече дека не сака да навлегува во детали, но дека се водат разговори во рамките на Европската Унија.

„Не би коментирал апсолутно премногу за тоа, за тој начин на однесување. Имаме одредени разговори во рамките на европската унија како се тоа да се надмине, но ако претставуваат проблем летните годишни одмори, имаме прекрасни езера, имаме прекрасни планини, имаме прекрасни места во Македонија. Јас ги повикувам македонските граѓани да ги поминат своите летни годишни одмори на македонските планини и езера, на македонските села, затоа што имаме прекрасна земја и самите треба да си ја чуваме затоа што втора резервна немаме“, рече Мицкоски.

Новиот систем на ЕУ за влез и излез од Шенген зоната се однесува на државјани од земји кои не се членки на унијата. Тој предвидува дигитална регистрација на патници и биометриски податоци при прв влез, што во пракса веќе доведува до подолги процедури на дел од граничните премини.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран