УТРО.мк

Мицкоски: Македонија и Словенија ја продлабочуваат пријателската и политичка соработка

Мицкоски: Македонија и Словенија ја продлабочуваат пријателската и политичка соработка
Vero

Премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денес оствари телефонски разговор со словенечкиот премиер Јанез Јанша, при што му упати честитки по повод изборот и формирањето на новата влада во Словенија.

Во разговорот, Мицкоски на Словенија ѝ посака стабилност, напредок и успешна работа во претстојниот период, истакнувајќи ја важноста од континуитет во европските и реформските процеси.

Двајцата соговорници ја потврдија заедничката заложба за понатамошно продлабочување на пријателските односи, политичката соработка и партнерството меѓу двете држави.

Како што беше нагласено, Македонија и Словенија продолжуваат да ги развиваат билатералните односи засновани на меѓусебна почит, европски вредности и заедничка визија за стабилност, развој и подобра иднина за граѓаните.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран