УТРО.мк

Русија тргна по Каспаров: Распишана меѓународна потерница по славниот шахист

Русија тргна по Каспаров: Распишана меѓународна потерница по славниот шахист
Vero

Руските власти распишаа меѓународна потерница по поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров, кој е обвинет за јавно оправдување на тероризмот и за прекршување на правилата што важат за лица означени како странски агенти.

Според руските истражни органи, Каспаров во отсуство се товари за јавно оправдување на тероризам преку интернет и информатичко-комуникациски мрежи. За ова дело, рускиот Кривичен законик предвидува затворска казна од пет до седум години, како и можност за забрана за вршење одредени активности.

Покрај тоа, против него се водат и две постапки поврзани со непочитување на обврските што произлегуваат од статусот „странски агент“, за што се предвидени парични казни или затвор до две години.

Окружен суд во Москва уште на 22 декември 2025 година му одреди двомесечен притвор, мерка што би се активирала доколку биде екстрадиран, депортиран или уапсен на територијата на Русија.

Руското Министерство за правда го стави Каспаров на листата на странски агенти во мај 2022 година, наведувајќи дека учествувал во политички активности поврзани со Украина и со организацијата „Хјуман рајтс воч“.

Познатиот шахист и политички активист во моментов живее надвор од Русија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран