УТРО.мк

Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ со нов проект во Битола и план за 2.000 работни места

Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ со нов проект во Битола и план за 2.000 работни места
Vero

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола за производство на автомобилски компоненти за „Ауди“, со кој се планирани 2.000 нови работни места во следните четири години, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Според податоците што ги изнесе, по реализацијата на проектот компанијата би достигнала вкупно 10.000 вработени во Македонија. Новиот производствен капацитет е планиран за повеќе од 3.000 автомобилски снопови дневно, наменети за нов модел на „Ауди“.

Мицкоски наведе дека од производните капацитети на компанијата во земјава следната година се очекува извоз поголем од 400 милиони евра. Тој посочи и дека, според презентираните податоци, просечните плати за висококвалификуваниот кадар се над 80 проценти повисоки од просечната плата во Македонија.

Премиерот го оцени проектот како потврда за довербата на странските инвеститори во домашната работна сила и индустрискиот потенцијал.

„Нашата цел е јасна — повеќе инвестиции, повеќе работни места, посилен извоз и подобар животен стандард за граѓаните“, порача Мицкоски.

Во објавата тој упати и критики кон дел од политичките сили, оценувајќи дека се занимаваат со секојдневни пресметки, додека владин приоритет остануваат економскиот развој и отворањето добро платени работни места.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран