УТРО.мк

Насилни протести во Албанија: Запалени делови од државни згради, 55 уапсени

Насилни протести во Албанија: Запалени делови од државни згради, 55 уапсени
Vero

Антивладините протести во Албанија продолжуваат трет ден, проследени со насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. Според написот на „Индекс“, во Тирана биле запалени делови од државни згради и банки, а полицијата употребила солзавец и водени топови.

Albanians storm the Prime Minister’s residence. Rama lives in this building https://t.co/grPln8HjCE— Epirus.Gr (@epirusgr)October 14, 2026

Протестите започнале во вторникот поради незадоволството на студентите од високите трошоци за образование, лошите услови на универзитетите и слабите можности за вработување. Набргу прераснале во поширок антивладин бунт, со обвинувања за корупција и барања за оставка на премиерот Еди Рама.

ALBANIEURGENT Situation chaotique dans le centre de Tirana . Incendies de commerces et d’agences bancaires. Pillage et gros débordements en cours. Le ministère de l’Éducation a pris feu. Barricades, cocktails Molotov et affrontements avec la police. À suivre. #Albanie #Tirana #FlamingoRevolution— Geocrises FR (@geocrises)October 14, 2026

Според албанскиот портал „Шќиптарја“, нападнати биле најмалку осум државни институции, меѓу кои министерствата за образование, внатрешни работи и економија. Демонстрантите кршеле прозорци, превртувале контејнери и фрлале молотови коктели, а била оштетена и приватна сопственост.

Албанската полиција соопштила дека поради насилството на вчерашните протести се уапсени 55 лица, меѓу кои и двајца малолетници на возраст од 15 и 17 години. Против уште 98 лица биле поведени кривични постапки.

Според претходните податоци пренесени од меѓународните медиуми, повредени биле најмалку 23 полицајци и шест цивили.

За време на нередите, порталите CNA и „Газета Фјала“ објавиле снимка од колона возила на улиците на Тирана, кои ги опишале како воени. Засега нема официјална потврда дека Армијата е ангажирана во справувањето со протестите, ниту објаснување за присуството на возилата.

Студентите и средношколците и денеска ја бојкотирале наставата и повторно излегле на улиците. Дел од демонстрантите се упатиле кон парламентот, каде што полицијата ги растерала. Бојкот на наставата бил забележан и во Елбасан, Скадар и Драч.

Рама ги отфрлил барањата за оставка. Во писмен одговор за Ројтерс порачал дека владите се менуваат на демократски избори, изразувајќи подготвеност за разговор за проблемите во образованието. Истовремено ги осудил нападите врз институциите и уништувањето на имотот.

„Нападите врз институциите, уништувањето на јавниот имот и загрозувањето на јавната безбедност немаат никаква врска со оправданите барања на студентите“, навел Рама.

Според написот, протестите се надоврзуваат на пошироко незадоволство од власта, вклучително и противење на туристички проект поврзан со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, поради загриженост за заштитениот екосистем во подрачјето на лагуната Нарта.

Делегацијата на Европската Унија во Албанија го осудила насилството и уништувањето јавен и приватен имот, истовремено нагласувајќи го правото на мирно собирање и слобода на изразување. Оттаму повикале на воздржаност и дијалог.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран