
Зимското сметање на времето годинава започнува во недела, на 25 октомври. Во 3 часот по полноќ стрелките ќе се поместат еден час назад, на 2 часот.
Со промената, таа ноќ ќе трае еден час подолго. Летното сметање повторно треба да започне на 28 март 2027 година, додека следното враќање на зимско време е предвидено за 31 октомври 2027 година.
Во Европската Унија со години се разгледува укинување на сезонското поместување на часовникот. Европскиот парламент во 2019 година го поддржа предлогот, но земјите членки не постигнаа договор за неговото спроведување и изборот на трајно сметање на времето.
Дотогаш продолжува досегашната практика: часовниците се поместуваат напред во последната недела од март, а назад во последната недела од октомври.























