
Премиерот Христијан Мицкоски оствари работен ручек со претседателката на Индија, Драупади Мурму, на кој се разговараше за инвестиции, трговска размена и продлабочување на партнерството.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.
Како што информираше премиерот Мицкоски, средбата поминала во пријателска и конструктивна атмосфера, при што во фокусот на разговорите биле можностите за понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.
„Разговаравме за продлабочување на економската соработка, трговската размена, инвестициите, како и за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес“, истакна премиерот Мицкоски.
Тој потенцираше дека оваа историска посета на индиската претседателка претставува значаен чекор кон отворање нови перспективи за соработка меѓу двете пријателски држави. Воедно, средбата е уште една потврда за заедничката определба за градење посилни и поцврсти билатерални врски во иднина.

















