
Силното невреме што попладнево го зафати Скопје веќе предизвикува први последици. На булеварот „Партизански одреди“, во близина на „Силбо“, паднато е дрво, поради што се апелира до возачите да бидат особено внимателни при движењето низ овој дел од градот.
Невремето е проследено со пороен дожд и силен ветер, а во повеќе делови од градот се регистрирани потешкотии во сообраќајот и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Се препорачува граѓаните да избегнуваат движење под дрвја и во близина на нестабилни објекти, како и да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот. Надлежните служби се очекува да интервенираат за расчистување на паднатото дрво и нормализирање на сообраќајот.

















