УТРО.мк

Делови од Тетово, Брвеница и други тетовски села утре ќе бидат без струја

Делови од Тетово, Брвеница и други тетовски села утре ќе бидат без струја
Vero

Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, утре (22 јули) без електрична енергија ќе останат повеќе населени места и делови од општините Тетово, Брвеница и Теарце.

Според најавата, од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат малите хидроелектрани ХПП Бистрица 1, 2 и 3 на подрачјето на Општина Теарце.

Од 09:00 до 14:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија е најавен за:

  • дел од селоБрвеница, во близина на Земјоделскиот индустриски комбинат (ЗИК);
  • дел од селоПалатица, во центарот на селото;
  • дел од селоЧелопек, кај црквата;
  • дел од селоБрвеница, кај гробиштата.

Во Тетово, од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат:

  • дел од населбатаПржова Бавча;
  • целата населба Вардарска;
  • објектите во близина на детската градинка„Тетекс“;
  • дел од населбатаСтанбена.

Воедно, во дел од Тетово околу трафостаницата „Борис Кидрич 3“ е евидентиран и непланиран прекин на електричната енергија поради немање фаза.

Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности и да имаат предвид дека прекините се поради реализација на планирани работи на електродистрибутивната мрежа.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin