УТРО.мк

Силно невреме го погоди Стар Дојран – паднати дрвја, оштетени куќи, возила и плажи

Силно невреме го погоди Стар Дојран – паднати дрвја, оштетени куќи, возила и плажи
Vero

Силното невреме што синоќа го зафати источниот дел на Македонија предизвика значителна материјална штета и во Стар Дојран. Поројниот дожд, силниот ветер, грмежите и градот откорнаа десетици дрвја, оштетија возила, кровови и урбана опрема, но, за среќа, нема повредени лица.

Градоначалникот на Општина Дојран, Илија Тентов, информираше дека невремето започнало околу 20 часот, по што екипи на Доброволното противпожарно друштво „Дојран“, ЕВН и доброволци веднаш излегле на терен и започнале со расчистување на последиците.

„За среќа нема повредени лица. Се работи интензивно на отстранување на паднатите дрвја и санирање на штетите, а екипите ќе останат на терен сè до целосно расчистување“, соопшти Тентов.

Според надлежните, паднати дрвја има на повеќе локации, меѓу кои градскиот парк, шеталиштето, детските игралишта, околината на хотелот „Романтик“, како и на главниот пат низ Стар Дојран. Поради расчистувањето, сообраќајот извесен период се одвивал по една сообраќајна лента, а од безбедносни причини неколку часа бил во прекин и снабдувањето со електрична енергија.

Оштетени се и настрешници, урбана опрема на плажите, неколку патнички возила и кров на дуќан на градскиот пазар.

Градоначалникот ги повика граѓаните да ги пријават сите штети, како непроодни улици, поплавени домови и подруми, за надлежните служби да можат навремено да интервенираат.

Невремето предизвика проблеми и во Струмица, Радовиш и Делчево, каде беа регистрирани паднати дрвја, пожари и материјални штети на повеќе објекти.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin