УТРО.мк

ВЛЕН: Ќе има одговорност за состојбата во Гостивар – здравјето на граѓаните е над сè

ВЛЕН: Ќе има одговорност за состојбата во Гостивар – здравјето на граѓаните е над сè
Vero

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека очекува целосно расветлување на случајот со загадувањето на водата за пиење во Гостивар и утврдување одговорност за сите кои, како што наведуваат, со дејствување или пропуст придонеле за настанатата состојба.

Од ВЛЕН го поздравија брзото реагирање на надлежните институции и започнувањето на постапките за истрага, истакнувајќи дека здравјето на илјадници граѓани било доведено во ризик поради, како што велат, негрижа и лошо управување.

„Очекуваме темелна, независна и сеопфатна истрага која целосно ќе го расветли случајот и ќе утврди одговорност“, се наведува во соопштението.

Воедно, од коалицијата го поздравуваат ангажманот на сите релевантни институции на централно ниво, нагласувајќи дека на погодените граѓани им се обезбедува неопходна здравствена грижа, како и вода за пиење сè до конечното решавање на проблемот.

Во својата реакција, ВЛЕН оценува дека долгогодишното лошо управување оставило сериозни последици, посочувајќи дека денес граѓаните ја плаќаат цената преку недостиг на безбедна вода за пиење во Гостивар и нерешени инфраструктурни проблеми во други средини.

Од коалицијата упатија и политички критики кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот министер за здравство Арбен Таравари, оценувајќи дека е неприфатливо повторно да бараат доверба од граѓаните додека, според ВЛЕН, последиците од нивното владеење и понатаму влијаат врз секојдневниот живот и здравјето на жителите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin