УТРО.мк

Мицкоски: Битола останува еден од главните приоритети на Владата, продолжуваме со инвестиции и развој

Мицкоски: Битола останува еден од главните приоритети на Владата, продолжуваме со инвестиции и развој
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, при што изврши увид во градежните активности за реконструкција на новата училишна зграда на ООУ „Коле Канински“ во населбата Буковски Ливади.

Мицкоски упати честитки до градоначалникот на Битола, Општината, советниците и администрацијата за, како што рече, посветеноста во реализацијата на проекти значајни за граѓаните.

„Благодарност до советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот, до администрацијата во Општина Битола, до пратениците кои доаѓаат од Битола и кои се борат за проект повеќе да биде реализиран и инвестиран овде во градот“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата, заедно со локалните власти и институциите, има заедничка цел – забрзување на развојот и создавање подобри услови за живот во државата.

„Од името на Владата, како претседател на Владата, можам да кажам дека Битола е и ќе остане еден од нашите главни приоритети“, порача премиерот Мицкоски.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin