Од денеска до петок попладне и навечер се очекува нестабилно време со пороен дожд, силни грмежи и засилен ветер, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). На некои места е можно да се појави и локално невреме со град.
Во Скопје, делови од котлината ќе бидат погодени од пороен дожд и грмежи, проследени со силни налети на ветер.
Метеоролозите апелираат на внимателност при електрични празнења и советуваат да се избегнуваат отворени простори и засолништа под осамени дрвја.