УТРО.мк

Манасиевски: Како СЈО потроши милион евра за само 2,5 месеци? Обвинителството мора да реагира

Манасиевски: Како СЈО потроши милион евра за само 2,5 месеци? Обвинителството мора да реагира
Vero

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со Катица Јанева работело по насока на СДСМ, Зоран Заев и неговите партнери како Венко Филипче, Оливер Спасовски и Радмила Шекеринска. Ним правдата не им била цел, туку профитот, политичкиот прогон и контролата врз државните институции, како и правосудството во Македонија, реагира денеска Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој за утре најави нови сведоштва за работата на одредени обвинители и СЈО како целина и побара Обвинителството да се позанимава со трошењето пари во последните 2,5 месеци од 2015 години од буџетот на СЈО.

Повикувајќи се на сведоштвата на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, Манасиевски вели дека се потврдени сомнежите и тезите на ВМРО-ДПМНЕ која уште пред приближно 10 години, говорела за партизација на СЈО предводено од Катица Јанева, од страна на СДСМ, Заев и неговите пајташи.

– Згаснатото СЈО, кое сите паметиме како заврши, со пресуда за предводничката на СЈО Катица Јанева од 7 години за земање мито. За жал, СЈО било користено за исполнување на желбите и интересите на СДС и Зоран Заев, кои во тие моменти не бираа начин како да дојдат на власт. Најчести гости според сведоштвата на Лејла Кадриу, во СЈО на Катица Јанева биле токму Зоран Заев и Радмила Шекеринска, како и советници на Оливер Спасовски. Тие ги носеле прислушуваните разговори, односно таканаречените бомби, во форма на кривична пријава, но како што вели госпоѓа Кадриу, напишани на ливче. Истиве овие ливчиња ги преземале помошниците на Катица Јанева, Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски противзаконски, бидејќи не направиле никаков записник. За да им биде јасно на граѓаните, секој можел да земе, донесе или додаде нов документ во секое време. Дополнително, истите овие специјални гости, се обидувале и успевале во обидите да укажат на обвинителите кое лице да биде гонето, а кое да биде изземено од одреден случај. Или во превод, што би рекла и поранешната обвинителка од СЈО, Лејла Кадриу, СЈО било претворено во штаб на СДС – вели Манасиевски.

Според сведоштвата, како што вели Манасиевски, Ристоска и Бубевски, биле главни и тие биле оние кои го раководеле СЈО во позадина, додека Катица Јанева сакала само медиумски да се профилира, поради тоа што била само обичен медиокритет во СЈО.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран