УТРО.мк

Исени: Континуираната обука е клучна во борбата против трговијата со луѓе

Исени: Континуираната обука е клучна во борбата против трговијата со луѓе
Vero

Денеска во Центарот за обука – Идризово официјално беше отворена обуката за борба против подведување и трговија со луѓе, која ќе се реализира во периодот од 9 до 12 февруари.

На обуката учествуваат 12 полициски службеници и јавни обвинители, со цел унапредување на нивните капацитети за препознавање, спречување и ефикасно постапување во случаи поврзани со трговија со луѓе и подведување.

Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, нагласи дека овие кривични дела претставуваат сериозен облик на организиран криминал и дека нивното успешно сузбивање бара континуирана едукација, како и силна институционална соработка меѓу надлежните органи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран