УТРО.мк

Владината делегација на средба со претставници на УНЕСКО во Париз

Владината делегација на средба со претставници на УНЕСКО во Париз
Vero

Париз денес го пречекува македонскиот владин тим, предводен од заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Делегацијата, која ја сочинуваат и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, како и градоначалниците на Охрид и Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќура, ќе престојува во дводневна работна посета на француската престолнина.

Целта на посетата е да се зајакне меѓународната соработка со УНЕСКО и да се истакне непоколебливата посветеност на Владата на Република Северна Македонија за зачувување на културното и природното наследство на Охридскиот Регион. Делегацијата ќе ја претстави новоусвоената национална стратегија за заштита, која гарантира одржување на интегритетот и автентичноста на регионот како исклучителна универзална вредност.

Македонската страна, на овие средби ќе ги презентира мерките кои Владата ги презема за спроведување на препораките од реактивните мисии на УНЕСКО од 2020 и 2024 година, како и чекорите предвидени во Стратегискиот план за рехабилитација.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран