УТРО.мк

Македонските здруженија „Илинден“ и „Вардар-МКД“ потпишаа меморандум за соработка

Македонските здруженија „Илинден“ и „Вардар-МКД“ потпишаа меморандум за соработка
Vero

Во Тирана беше потпишан важен Меморандум за соработка меѓу две македонски здруженија од Балканот – македонското друштво „Илинден“-Тирана, предводено од претседателот Никола Ѓурѓај, и здружението ВАРДАР-МКД од Подгорица, Црна Гора, кое го претставува потпретседателот и адвокат Никола Ангеловски. Овој чекор е насочен кон зајакнување и промоција на правата и културната автентичност на македонските национални малцинства во Албанија и Црна Гора, како на домашен, така и на меѓународен план.

Двете организации изразија спремност за воспоставување цврсто партнерство, со акцент на реализирање на заеднички проекти кои ќе го истакнуваат македонското културно и научно наследство. Планот вклучува истражувачки иницијативи, создавање и развој на проекти, како и нивна презентација преку различни културни и спортски манифестации.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран