
Суровата нафта доживеа пад на цените под 100 долари за барел, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека потенцијалните воени операции на САД во Иран би можеле да завршат за само две до три недели.
Овој оптимистички тон го поттикна растот на европските берзи, бидејќи инвеститорите позитивно ја оценија перспективата за смирување на тензиите на Блискиот Исток. Дополнително, информацијата дека одговорноста за повторно отворање на стратешкиот Ормуски теснец би ја презеле други земји, уште повеќе ја засили довербата на пазарот.
Според податоците од берзите, во 9:30 часот цената на суровата нафта падна за 4,23% на 97,089 долари за барел, додека „Брент“ забележа намалување од 4,1%, тргувајќи се по 99,704 долари.























