
Министерството за образование и наука објави дека почнува уписот во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година, со вкупно над 25.000 слободни места. Најголемиот дел од нив, повеќе од 17.000, се наменети за стручно образование, додека речиси 6.000 се во гимназиска насока, а за уметничките училишта се обезбедени 570 места.
Процесот на пријавување ќе се одвива електронски преку порталот Uslugi.gov.mk, каде учениците ќе се најавуваат со своите кориснички сметки на schools.mk. Потоа, кандидатите ќе треба да ја достават потребната документација директно во училиштата каде што се пријавиле.























