УТРО.мк

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ СО СТАВ за албанскиот јазик во Македонија

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ СО СТАВ за албанскиот јазик во Македонија
Vero

Во врска со вчерашните протести поврзани со прашањето за употреба на албанскиот јазикот при полагање на правосуден испит и административни постапки, Претседателството на Македонски Концепт донесе јасен и непроменлив став:

Секој кој живее и работи во Македонија, треба да го знае македонскиот јазик и да полага на македонски јазик. Исто како во секоја нормална држава, членка на ЕУ. Ни повеќе, ни помалку!

Република Македонија има еден службен јазик на целата територија – македонскиот јазик. Тоа не е прашање на политичка волја, туку на државна функционалност, правна сигурност и еднакви правила за сите. И тоа не ја намалува вредноста, ниту употребата на останатите јазици на етничките заедници во земјава. Албанскиот јазик не може да биде „над-јазик“, со поголемо значење од останатите јазици на другите етнички заедници. Сите сме рамноправни граѓани на Републиката, а со тоа и нашите јазици, кои се средство за разбирање, а не за етничка хегемонија.

Ова не е насочено против никого, туку е нормален стандард во секоја сериозна држава – јазикот на државата е темел на институциите, образованието, јавната администрација и општествената кохезија.

Истовремено, ги повикуваме сите граѓани на смиреност и достоинство. Протестот е демократско право, но не смее да прерасне во притисок врз институциите да се откажат од принципите на државност и од еднаквоста на правилата.

Македонски Концепт ќе се спротивстави на секој обид Македонија да се претвори во држава со паралелни системи и стандарди. Државата мора да функционира по јасни и исти правила за сите – без исклучоци, без двојни аршини и без наметнување.

Македонскиот јазик е обврска во јавниот систем. Тоа е услов за интеграција, а не тема за уцена.

Стои во соопштението на ЦКА на Македонски Концепт

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран