УТРО.мк

Македонската полиција формира „Task Force“ за поинтензивна борба против трговијата со дрога

Македонската полиција формира „Task Force“ за поинтензивна борба против трговијата со дрога
Vero

Македонската полиција формираше Работен тим – „Task Force“, со цел зајакнување на борбата против недозволената трговија со дрога и поефикасно справување со организираните криминални групи.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, новиот специјализиран тим има задача да овозможи покоординирано и попрецизно детектирање, идентификување, документирање и разбивање на криминалните структури кои се занимаваат со трговија со дрога, без разлика дали дејствуваат на локално, регионално, национално или меѓународно ниво.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, истакнал дека со формирањето на овој тим борбата против дрогата влегува во нова, поенергична и поодлучна фаза, при што ќе се користат сите расположливи оперативни и технички капацитети на полицијата.

„Преку системски и координиран пристап се ставаат во функција сите ресурси со цел бескомпромисна пресметка со оваа форма на криминал, која претставува сериозна закана за општеството, семејствата и младите генерации“, порачуваат од МВР.

Од таму додаваат дека со новиот модел на работа службите ќе делуваат обединето и одлучно против сите поединци и групи кои го загрозуваат здравјето и безбедноста на граѓаните.

Бирото за јавна безбедност воедно упати повик до граѓаните да бидат партнери во оваа борба, нагласувајќи дека секоја информација, сознание или пријава може да помогне во спречување на ширењето на овој вид криминал и создавање побезбедна заедница.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin