УТРО.мк

Маѓар: Добрите односи и соработката со Македонија остануваат приоритет

Маѓар: Добрите односи и соработката со Македонија остануваат приоритет
Vero

Иако во Унгарија се најавува политичка промена, новиот лидер Петер Маѓар одржува континуитет кога станува збор за односите со Македонија. Тој јасно стави до знаење дека стратешкото партнерство меѓу двете земји нема да биде доведено во прашање, без оглед на смената на власта.

Говорејќи пред јавноста, Маѓар потенцираше дека новата влада нема автоматски да ги прекине или разниша воспоставените врски со државите со кои актуелниот премиер Виктор Орбан изградил блиска соработка. Наместо тоа, најави стабилен и предвидлив пристап во надворешната политика.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран