УТРО.мк

Лошиот квалитет на водата во Струга дојде до постапка кај Народниот правобранител

Лошиот квалитет на водата во Струга дојде до постапка кај Народниот правобранител
Vero

Жителите на Струга повторно се соочуваат со сериозен проблем со водоснабдувањето, откако по обилните дождови во последните денови се зголеми заматеноста на изворите кои го снабдуваат градот со вода за пиење. Според податоците од Центарот за јавно здравје, вчерашните мерења покажуваат дека заматеноста достигнува 3,92, што значително ја надминува минимално дозволената граница од 1,5.

Жителите на селото Шум, од каде потекнува поголемиот дел од водата за Струга, најавуваат протести и предупредуваат дека проблемот станува хроничен.

Во меѓувреме, Регионалната канцеларија на Народниот правобранител во Кичево отвори постапка по сопствена иницијатива за да ја испита ситуацијата. „Правото на безбедна и доволна вода за пиење е основно човеково право и е тесно поврзано со правото на живот, здравје и човечко достоинство. Секое продолжено ограничување или сомнеж за квалитетот на водата создава несигурност и влијае врз јавниот интерес“, истакна Илбер Даути, Народен правобранител, Регионална канцеларија – Кичево.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран