УТРО.мк

Опасност од прелевање на Беличка река поради затворен вентил

Опасност од прелевање на Беличка река поради затворен вентил
Vero

Ситуацијата на Беличка река ја вознемири локалната заедница, откако на социјалните мрежи се појави видео што открива дека вентилот на браната е затворен, иако водата е нагло надојдена. Според авторите на видеото, ова може да доведе до прелевање на реката, оштетување на мостот и патот, како и сериозна материјална штета.

„При една случајна прошетка покрај реката, забележавме дека некој несовесно го затворил вентилот на браната, која традиционално се користи за време на Водици и летниот период, за да им овозможи на децата безбедно разладување“, велат очевидците.

Експертите предупредуваат дека вакви постапки се исклучително ризични. Кога водата е надојдена, затворањето на вентилот може да предизвика опасно прелевање, да го поткопа мостот и патот, и во најлош случај – да доведе до голема катастрофа.

Граѓаните се повикуваат на внимателност и одговорност при користењето на природата. „Природата не смее да се третира со нехуман однос. Секој наш потег денес може да има последици утре“, стои во апелот на авторите на видеото.

Локалната заедница ги повикува сите да ги почитуваат правилата за безбедност и да ги користат природните ресурси разумно, со цел да се избегнат потенцијално трагични последици.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран