УТРО.мк

Мерц: Мали се шансите за брз крај на војната во Украина преку преговори

Мерц: Мали се шансите за брз крај на војната во Украина преку преговори
Vero

Германскиот канцелар Фридрих Мерц отворено признава дека крајот на војната во Украина преку дипломатски преговори е малку веројатен. Според него, конфликтот ќе заврши само кога една од страните ќе биде целосно исцрпена, или воено, или економски.

„Разумот и хуманитарните апели нема да го променат ставот на Владимир Путин. Тоа е горчливата вистина“, изјави Мерц во интервју за германските весници НБР и „Рајнфалц“.

Целта на европските напори, како што вели, е да се спречи Русија да ја продолжи војната и нејзиното финансирање. Според Мерц, враќање на нормалните односи со Кремљ е практично невозможно.

„Кога гледам што се случува во овој режим, со слепиот, бесен терор, мојата надеж е мала“, призна канцеларот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран