УТРО.мк

ЛАБУНИШТА: Обновена фасадата на црквата „Свети Никола“

ЛАБУНИШТА: Обновена фасадата на црквата „Свети Никола“
Vero

Во Лабуништа успешно заврши реконструкцијата на фасадата на помошните простории при Црквата „Свети Никола“. Со завршувањето на градежните активности, објектот доби модерен изглед и подобрени услови за користење.

Црковниот одбор изрази благодарност до мајсторите за нивниот професионален ангажман и квалитетно изведената работа.

„Со оваа реконструкција придонесуваме за уредување и зачувување на нашиот црковен имот, кој има големо духовно и историско значење за жителите христијани на Лабуништа. Благодарност до сите кои дадоа свој придонес во реализацијата на овој проект“, велат од одборот.

Обновата на фасадата е дел од континуираните напори за одржување и унапредување на инфраструктурата околу црквата „Свети Никола“.

Labunista.mk

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран