Поранешниот претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски, реагираше на изјавата на Љубомир Фрчковски дадена во емисијата „Во Центар“, во која неговото име беше споменато во негативен контекст.
„Изјавата е проблематична минимум на две нивоа: македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно бавење со јавните работи никогаш не сум ‘мешетарел’ како многу други во чии кариери нема ништо друго освен задкулисни маневри и кафеанско озборување“, наведува Пендаровски.
Тој додава дека многу поголем проблем е, како што вели, „целосната одлепеност од реалноста и фактите“.
„За жал, тоа се случува кај некои луѓе поради ‘квалитетот’ на изворите со кои се дружат“, порача Пендаровски во својата реакција.























