УТРО.мк

Клиничката болница во Битола набави нов DEXA апарат за дијагноза на остеопороза

Клиничката болница во Битола набави нов DEXA апарат за дијагноза на остеопороза
Vero

Клиничката болница во Битола повторно ја воспостави дијагностиката на остеопороза, откако во функција беше ставен нов современ DEXA апарат, набавен со сопствени средства на установата.

По повеќе од две децении континуирана употреба, стариот уред кој служеше за мерење на коскената густина престана со работа во септември минатата година, оставајќи привремен прекин во оваа важна дијагностичка услуга.

Од болницата посочуваат дека, свесни за значењето на навременото откривање на остеопорозата и потребите на пациентите, веднаш пристапиле кон решавање на проблемот. Резултат на тие напори е набавката на нов апарат од најнова генерација, кој овозможува поголема прецизност и сигурност во дијагностичките наоди.

Со оваа инвестиција, установата не само што ја враќа услугата во функција, туку и значително го подигнува нивото на квалитет на здравствената заштита. Од таму нагласуваат дека вложувањето во медицинска опрема директно значи вложување во здравјето на граѓаните.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран