
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес оствари работна средба со амбасадорот на Турција во Северна Македонија, Фатих Улусој, на која се разговараше за унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на животната средина.
Хоџа изрази благодарност за долготрајната поддршка што Турција ѝ ја дава на Северна Македонија уште од нејзиното осамостојување, нагласувајќи ја важноста на партнерството во реализацијата на заеднички проекти и иницијативи.
Соговорниците разговараа и за претстојниот Форум за води, кој ќе се одржи на 5 и 6 мај во Истанбул, со учество на министрите за животна средина од земјите на Западен Балкан, како и за 31-вата Конференција на страните (COP31) за климатски промени во Анталија.



























