УТРО.мк

Ќе се регистрираат електричните тротинети?

Ќе се регистрираат електричните тротинети?
Vero

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави можни законски измени со кои би се вовеле построги правила за користење на електричните тротинети, оценувајќи дека тие претставуваат сериозен безбедносен предизвик во сообраќајот.

Тошковски истакна дека Министерството веќе ги анализира искуствата и решенијата што ги применуваат повеќе европски земји, а во тек е подготовка на законски измени кои треба да придонесат за поголема безбедност на патиштата.

„Мислам дека треба да одиме со порадикални решенија, особено во делот на забраните, воведување старосна граница и можеби регистрација на електричните тротинети. Тие претставуваат огромен предизвик за безбедноста во сообраќајот и очекувам конкретни решенија во најбрз можен рок“, изјави Тошковски.

Според него, целта на мерките е да се намалат ризиците за сите учесници во сообраќајот и да се воспостават појасни правила за користење на овие превозни средства.

Министерот најави дека реформите во сообраќајната сфера ќе продолжат и во наредниот период, со фокус на намалување на бројот на сообраќајни несреќи и жртви на патиштата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран