УТРО.мк

Престрелка во Албанија: убиен полицаец – фатен бегалец по повеќегодишно криење

Престрелка во Албанија: убиен полицаец – фатен бегалец по повеќегодишно криење
Vero

Во вооружена престрелка со полициски сили во планинскиот регион во близина на Корча, животот го загуби еден полицаец, а друг е повреден, додека вооружениот маж кој со години бил во бегство бил ранет и уапсен од безбедносните служби.

Според објавата на албанскиот премиер Еди Рама на социјалната мрежа X (поранешен Твитер), акцијата се одвивала при обид за апсење на лицето кое подолг период се криело во тешко пристапните планински предели и повеќепати успевало да избегне полициски операции.

Во текот на интервенцијата, осомничениот отворил оган врз припадниците на полицијата, при што еден службеник бил смртно погоден, а друг е ранет. Полицијата возвратила и го неутрализирала напаѓачот, по што тој бил уапсен и ставен под контрола на безбедносните служби.

Рама во својата порака изрази почит кон загинатиот полицаец, нарекувајќи го „маченик на татковината“, упати сочувство до неговото семејство и побара најстрога казна за сторителот. Тој исто така порача дека албанската државна полиција „никогаш нема да се откаже од својата мисија“ во борбата против криминалот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран