Територијата на нашата Република Македонија од денес (21 јули понеделник) па се до петок (25 јули) ќе биде под влијание на екстремно топол воздушен бран од југ, односно од Африка и истиот ќе услови екстремно високи температури на воздухот. Времето ќе биде сончево и екстремно топло со појава на мала локална облачност, а повремено ќе засилува и фенски ветер од западен и од југозападен правец.
И во Скопскиот регион од денес (21 јули понеделник) па се до петок (25 јули) времето ќе биде сончево и екстремно топло со мала локална облачност, а повремено ќе засилува и фенски ветер од западен и од југозападен правец.
Што се однесува до температурите, тие на многу места ќе надминуваат 35 степени, а локално, особено во Повардарието тие ќе надминуваат и 40 степени, односно, температурите локално во Повардарието ќе се искачат и до околу 43 степени. Во Скопскиот регион температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 40 и 43 степени.
Ув индексот ќе има многу висока до екстремно висока вредност и ќе изнесува 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но и да пијат повеќе течности.