На граничниот премин „Табановце“ утрово се бележат задржувања од околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, сообраќајот се одвива непречено, без подолги чекања за влез или излез од државата.
Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен.
Возачите се повикуваат на внимателно возење и почитување на сообраќајните правила.