УТРО.мк

Героски: „Во процесот за трагедијата во Кочани им се суди и на обвинетите и на начелата на законитост на постапката“

Героски: „Во процесот за трагедијата во Кочани им се суди и на обвинетите и на начелата на законитост на постапката“
Vero

„Во процесот за трагедијата во Кочани им се суди и на обвинетите и на нивните бранители и на начелата на законитост на постапката“, пишува новинарот Бранко Героски во својата колумна посветена на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. Секогаш при судењата од суштинска тежина во македонскиот етер се поставува една дилема: дали судскиот процес, под тежината на јавниот гнев и болката, останува верен на правдата што треба да ја испорача.

Во текстот, Героски не оспорувајќи ја човечката трагедија ниту болката на семејствата на жртвите, тој предупредува дека токму поради нејзината тежина, правото мора да се применува строго и без отстапки. Според него, јавните напади и притисоци врз бранителите на обвинетите, кои кулминирале со нападот врз адвокатката Ивана Коцевска, не можат да се оправдаат со никаква емоција.

Тој потсетува дека улогата на адвокатот е да брани, а не да пресудува. Кога обвинетите однапред се прогласуваат за „монструми“, кога им се припишува вина пред судот да ја утврди, се урива презумпцијата на невиност. Во таква атмосфера, вели Героски, судницата ризикува да стане место каде што правото се повлекува пред јавниот притисок. Така наместо судењето да биде простор за докази и аргументи, станува сцена на постојан притисок, што може сериозно да ја компромитира идната пресуда.

Најострата критика е насочена кон самиот обвинителен акт. Героски тврди дека обвинението е поставено на правно неодржлива основа, со погрешни квалификации и со опфаќање на преголем број обвинети. Според него, наместо јасно утврдување индивидуална одговорност, одговорноста се распрснува, а процесот станува сложен, тежок и ранлив на поништување.

Тој предупредува дека барањата за „брза и строга правда“ ја туркаат постапката кон логика на линч и револуционерна правда, каде пресудата се очекува однапред, а не како резултат на доказна постапка. Во такви услови, и најстрогата казна, според него, нема да значи вистинска правда.

Ваквото гледиште за обвинението и за начинот на водење на процесот не е осамено. Сè почесто, истите сомнежи се појавуваат и кај други истакнати правни и општествени аналитичари во државата, кои предупредуваат дека масовните обвиненија не водат кон јасна одговорност. Напротив, тие го зголемуваат ризикот правдата да се изгуби во правна и институционална конфузија, оставајќи ги семејствата без вистинска правда, а општеството со уште подлабока недоверба во системот.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран