УТРО.мк

Фетаи: ДУИ е скапана партија, што измислува одвратни клевети, но ќе ги искорнеме од државата и ќе им го растуриме криминалниот систем !

Фетаи: ДУИ е скапана партија, што измислува одвратни клевети, но ќе ги искорнеме од државата и ќе им го растуриме криминалниот систем !
Vero

Жестока реакција, но и закана на еден од лидерите на коалицијата Вреди Арбен Фетаи кон Али Ахмети и неговите сопартијци од ДУИ

Вицепремиерот и еден од главните експоненти на Вреди Арбен Фетаи, реагираше со остри тонови на, како што ги нарекува, „ниските и одвратни клевети“, што доаѓаат од експоненти на ДУИ. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Фол“, пренесува Експрес.

Порталот натаму наведува: Во објава на општествените мрежи Фетаи ги опиша „војниците на Златан Груби“ како „морално уништени, политички згмечени и очајни поради губењето на севкупната власт“, нагласувајќи дека тие произведуваат „одвратни лаги“ и манипулираат со дизајнот на коалицијата Вреди, за да ѝ се припишат зборови што, според него, ниту ги кажала ниту ги помислила. „Ова се подли измислици на скапана партија, која 22 години ја градеше својата моќ врз лаги, убиства и криминал. Нивните валкани напади се доказ дека сме на вистинскиот пат. Ги корнеме од државата, им ги растураме нивните валкани зделки, го демонтираме нивниот криминален систем.“ – нагласи Фетаи.

Тој додаде дека „секоја лага фрлена против него и Вреди“ „само ја зајакнува сопствената решеност да се продолжи со демонтирање на она режимот на ДУИ“. На крахот Арбен Фетаи ја заврши својата порака со зборовите: „Продолжете со борбата!“ – пренесе „Фол“.

Извор: Expres.mk

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран