
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува променливо облачно и посвежо време низ Македонија, со повремени врнежи од дожд и локална појава на нестабилност.
Според прогнозата, на одделни места врнежите ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на метар квадратен. Во делови од земјата се очекуваат поројни врнежи, грмежи и засилен ветер, што може да предизвика краткотрајни невремиња.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 50 километри на час.
Температурите ќе бидат пониски во однос на претходниот период, со максимални дневни вредности од 20 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопскиот регион времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. На одделни места во котлината постои можност за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 26 степени.
Од УХМР препорачуваат граѓаните да бидат внимателни, особено во периоди со поинтензивни врнежи и силни ветрови.

















