УТРО.мк

Докторски скандал: Вратени 25.000 евра по откриени неправилни исплати во здравството

Докторски скандал: Вратени 25.000 евра по откриени неправилни исплати во здравството
Vero

Тројца актуелни и поранешни директори на јавни здравствени установи вратиле вкупно 1,5 милион денари во буџетот, откако било утврдено дека им биле неправилно пресметани платите. Секој од нив вратил по 500.000 денари.

Информацијата ја соопшти генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој нагласи дека покрај медицинската, институцијата спроведува и континуирана финансиска контрола.

– Во три случаи, актуелни или поранешни директори ги вратија погрешно пресметаните приходи од речиси еден и пол милион денари – изјави Клековски.

Тој посочи дека очекува воспоставување систем во кој ќе има заемна одговорност и почитување на правилата. Според него, паралелно со контролите, се работи и на подобрување на платите во здравството.

Клековски информираше дека за матичните лекари се предвидени зголемувања на капитациите за 33 проценти, а со претходните покачувања, растот во јавниот здравствен сектор достигнува 17 проценти, со ново зголемување од март.

– Испраќаме јасен сигнал дека трудот ќе се вреднува и платите ќе растат, но истовремено очекуваме фер однос и почитување на правилата, без злоупотреби на додатоците – истакна тој.

Од Фондот најавуваат дека ќе продолжи комуникацијата со здравствените установи и синдикатите, со цел да се спречат идни неправилности и да се обезбеди транспарентен и праведен систем на исплата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран