УТРО.мк

Мицкоски во Виена: економија, инвестиции и нов импулс за соработката со Австрија

Мицкоски во Виена: економија, инвестиции и нов импулс за соработката со Австрија
Vero

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација престојува во официјална политичка и економска посета во Виена, Република Австрија, каде во фокусот се продлабочувањето на билатералната соработка и отворањето нови економски перспективи меѓу двете држави.


Во рамки на посетата, предвидена е средба со австрискиот канцелар, на која ќе се разговара за клучни прашања поврзани со Европа и регионот, како и за унапредување на политичките и економските односи. Очекувањата се дека разговорите ќе дадат нов импулс на соработката, особено во делот на инвестициите и заедничките проекти.


По официјалната средба, премиерот и австрискиот канцелар ќе се обратат на бизнис форум пред претставници на стопанските комори и компании од двете земји. Таму ќе се реафирмира досегашната економска соработка, но и ќе се презентираат конкретни можности за нови инвестиции, со посебен акцент на инфраструктурата, енергетиката и индустријата.


Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, како и министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран