УТРО.мк

Црвен аларм: Недостигот на гориво може да ги приземји авионите

Црвен аларм: Недостигот на гориво може да ги приземји авионите
Vero

Зголемените тензии на Блискиот Исток и прекините во транспортот низ Ормуски теснец создаваат сериозен притисок врз глобалниот авиосообраќај, со први последици што веќе се чувствуваат кај авиокомпаниите.

Поради наглиот раст на цените на авиогоривото, дел од авиопревозниците веќе започнаа со кратење на одредени линии, а во исто време се зголемува и ризикот од поскапување на авионските билети.

Според податоците на Меѓународна енергетска агенција, Европа располага со резерви на керозин доволни за околу шест недели. Ова отвора можност веќе во текот на мај да дојде до откажување на летови доколку кризата продолжи со ист интензитет.

Анализите покажуваат дека глобалниот авиокапацитет за претстојниот период е намален, додека индустријата се подготвува за дополнителни рестрикции доколку не дојде до стабилизација на пазарот на енергенси.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран